Десет работи што треба да ги знаете за Windows 10

71

windows 10 0

Технолошкиот гигант Microsoft оваа недела пред медиумите ги откри деталите за новиот оперативен систем Windows 10. Подолу се поместени десетте најважни карактеристики на најновите технолошки новитети, пишува порталот Slash Gear.

Со Windows 10 е сеедно дали е десктоп компјутер, таблет или мобилен телефон

Windows 10 на единствен начин ги обединува сите платформи без оглед на уредот. Она што е важно е дека оперативниот систем ќе биде идентичен и на десктоп компјутер, таблет или мобилен телефон.

Windows 10 e бесплатен

За сите корисници на постарите верзии Windows 7, 8 и 8.1, преземањето на Windows 10 ќе биде бесплатно. Кога станува збор за корисниците на Windows 7, преземањето ќе биде бесплатно само во првите неколку денови. Таквата политика е нешто поразлична од досегашната пракса на Microsoft.

Spartan

Новиот пребарувач на Microsoft, Spartan има сосема нов изглед од неговиот претходник Internet Explorer. Меѓу останатото, постои и опција предвидена за читање – reading mode, која функционира и доколку корисникот е offline. Пребарувачот поддржува и креирање на белешки на самите интернет страници, преглед на PDF фајлови, а на него се осврнува и Cortana. Станува збор за систем на Microsoft за препознавање на гласот како Siri на Apple. Се очекува Spartan да биде достапен за три до пет месеци.

Cortana

Cortana е виртуелна асистенција која може да функционира со помош на гласот, без да работи мобилниот телефон, но сега таа опција може да се најде и кај статичните компјутери. Cortana е достапна дури и на самиот пребарувач, може да се користи на седум јазици, а доби и нови функционалности, како што е паметно пребарување и разбирање на природниот говор.

Апликации

Интересен е фактот дека во иднина корисниците ќе имаат поголем број апликации на сите уреди, доколку поддржуваат таканаречен универзален стандард.

Gaming

Од оваа едиција на Windows ќе биде достапна Xbox апликацијата. Многу карактеристики на Xbox One конзолата ќе бидат достапни и на компјутерите и на таблетите. Играта од Xbox на корисникот ќе може да се игра преку локална мрежа.

Фотографии насекаде

Апликацијата Photos во целост ќе го искористи принципот – насекаде исти апликации, а како back up ќе го користи One Drive облак сервисот.

Windows Holographic

Се работи за сосема нова технологија која користи холограмски очила со кои се поврзува виртуелната реалност со холограмскиот приказ. На промоцијата се претставени најнапредните холограмски очила, HoloLens, кои може да работат и без да бидат поврзани со мобилен телефон или компјутер. При креирање на оваа технологија, Microsoft соработуваше со NASA.

Surface Hub

Ова е новина од Microsoft во деловната сфера. Тоа е 4К екран од 84 инчи, што може да послужи како компјутер или табла за презентација. Екранот е чувствителен на допир, а поддржува и посебено пенкало. Во него е вграден и Skype, па може да биде иднината на Microsoft кога се работи за видео конференции и состаноци.

Достапност

Сè уште никој не знае кога Windows 10 ќе биде достапен за широка употреба. За HoloLens и Surface Hub исто така не е познат датумот на лансирање. Како можна опција се смета лансирањето да биде оваа есен.