Дестинации што ги “убива“ туризмот

44

Фото: Pixabay

Постојат дестинации што се вистински магнет за туристи од целиот свет, но постојат и такви што имаат проблеми со туристите. CNN направи список на дестинации коишто имаат проблем од туризмот, бидејќи ја уништуваат животната средина, културното наследство, економијата, инфраструктура, центарот на градот и слично.

Мачу Пикчу, Перу

Историски зачуван град на Инките од 15-от век, којшто важеше за егзотична дестинација. Сега ова место го посетуваат околу 4.300 туристи дневно. Тамошната администрација во јануари оваа година, влезниците за посета на археолошкиот град временски ги ограничи на четири часа. Во меѓувреме, продолжува и идејата за градба на нов аеродром во непосредна близина на градот.

Амстердам, Холандија

Минатата година холандската престолнина ја посетиле 18 милиони туристи, а се предвидува до 2030 година да надмине бројка од 42 милиони. Градските власти престанаа да го рекламираат овој град како туристичка дестинација. Исто така, важи и забраната Airbnb да забрани сместување подолго од 30 дена.

Венеција, Италија

Градот на каналите го ограничува бројот на посетители за да може да ги зачува убавините од енормно од бројните туристи. Една од мерките за намалување на бројот на туристи во Венеција е и мерката за наплаќање 10 евра за влез на туристи кои накратко го посетуваат градот.

Дубровник, Хрватска

Минатата година Дубровник го посетија над еден милиони туристи, а голем дел од нив дојдоа во градот поради серијата Game of thrones. Една мерка што овој хрватски град се обидува да се одбрани е ограничување на патници во крузерите на 4.000 во еден момент.

Исланд

Околу 2,3 милиони туристи минатата година го посетиле главниот град на Исланд. Иако тоа можеби не е голема бројка, сепак се работи за град со само 123.000 жители. Од таа причина, се организираат туристички тури не само во Рејкјавик, туку и низ целата земја.

Меѓу другите земји што се соочуваат со слични проблеми предизвикани од туризмот се и: Бриж – Белгија, Бали – Индонезија, Таџ Махал – Индија, Санторини – Грција, Единбург – Шкотска, Рим – Италија и Барселона – Шпанија.