Дестинација без хотели и кампови избрана за најдобра во 2021 година

112

Туристичкиот гигант Skyscanner препорача осум дестинации кои ќе бидат хит во 2021 година. На врвот на листата се наоѓаат Абролхосовите острови во западна Австралија.

На островите нема хотел, ниту легален камп во којшто би можеле да престојуваат туристи, но затоа тие се идеални за уживање во пливање, нуркање, риболов и фотографирање диви животни.

Галапагос на Индискиот океан, како што се нарекуваат 122 острови на архипелагот Абролос од Skyscanner беше прогласен за национален парк во јули 2019 година.

Иако е преубав, за жал не можат сите да го посетат. Резервиран е за луѓе кои имаат длабок џеб, бидејќи до овој архипелаг може да се стигне само со јахти или туристички бродови. На островите нема вода за пиење и струја, но властите гледаат низ прсти на туристите ако одлучат да ја поминат ноќта на плажа, под шаторот што го донеле и поставиле сами.

Фото: Facebook