Deutsche Bank: Америка не разбира колку е опасна инфлацијата

33

Во својата последна анализа Deutsche Bank предупредува дека поголемиот дел од светот не е свесен за опасностите од зголемувањето на инфлацијата, а особено Америка.

Анализата на германската банка се фокусира на новата политика на американската централна банка, која во иднина ќе толерира поголема инфлација заради побрзо закрепнување на економијата. Како што е напишано во овој документ, сè додека не забележи значителен економски раст, Америка не планира да ги укине фискалните стимуланси, пренесува CNBC.

Deutsche Bank  смета дека таквата политика е погрешна и тврди дека нејзините последици ќе се почувствуваат во наредните години во форма на продолжена рецесија што може да влијае на целиот свет, особено на земјите во развој, кои се најранливи.

Предупредува дека потрошувачките цени во САД веќе се искачија над планираните 2% и дека овој раст не е привремен, како што сметаат главните американски економисти, односно нема да се забави во блиска иднина.

Инфлацијата може да трае до 2023 година, велат аналитичарите на Deutsche Bank  и да им нанесе најголема штета на оние на кои американската влада сакаше да им помогне со огромен пакет помош – сиромашните граѓани.

Фото: Pixabay