Deutsche Bank оствари најголема квартална добивка од 2014 година

42

Deutsche Bank во првиот квартал банката заработи 908 милиони евра по загубата од 43 милиони евра една година порано. Инвестициското банкарство повторно беше движечка сила. Банката ја забележа својата највисока квартална добивка од 2014 година.

Аналитичарите очекуваа значително помал раст.

“Овие резултати ги зајакнуваат нашите очекувања дека ќе ги постигнеме нашите цели за 2022-ра година. Првиот квартал е уште еден доказ дека Deutsche Bank е на вистински пат во сите четири деловни области и стануваат попрофитабилни на долг рок“, рече Кристијан Зевинг, извршен директор на банката.

Од јануари до март, приходите на групацијата се зголемија за 14%на 7,2 милијарди евра, додека трошоците паднаа. Пред даноците, банката оствари профит од 1,6 милијарди евра по добивка од 206 милиони евра пред една година.
Приходите во инвестициското банкарство се зголемија за една третина на 3,1 милијарди евра.

Фото: Pixabay