Германската банкарска регулаторна агенција Bafin побара документи од Deutsche Bank во рамките на истрагата за наводни манипулации со цените на злато и сребро, пишува Financial Times.
Bafin ги испитувала вработените во банката во неколку наврати изминатите неколку месеци, велат извори упатени во овој случај.
Центата на златото се одредува два пати дневно, преку телеконференција меѓу пет банки: Deutsche Bank, Bank of Nova Scotia, Barclays Bank, HSBC и Societe Generale. Нивниот договор влијае врз формирањето на цените глобално.
Deutsche Bank е една од трите финансиски институции кои учествуваат во еквивалентен процес во врска со среброто.