Deutsche Bank со “армија“ роботи укинува илјадници работни места

32

Deutsche Bank распореди “армија“ од роботи коишто би можеле да укинат илјадници работни места, додека германската банка спроведува радикални мерки за реструктуирање, пишува Financial News.

Со оваа одлука, банката планира да заштеди неколку милиони долари на име трошоци, а се случува откако извршниот директор Кристијан Севинг, објави дека банката планира да укине 18.000 работни места. Тоа претставува една од најдрастичните мерки на банката во нејзината 149-годишна историја.

Банката планира да автоматизира голем дел од секторите, преку проектот наречен Operations 4.0. Целта е да се заштедат шест милијарди евра во наредните три години.

Фото: Pixabay