Девалвираниот јуан го достигна четиригодишниот минимум

39

kineski juan

Кинескиот јуан го достигна четиригодишниот минимум по одлуката на тамошните власти да ја девалвираат националната валута поради зајакнување на конкурентноста на извозот, пишува Reuters.

Одлуката на кинеските власти, која што е еднократен потег, предизвика скок на американската валута на меѓународните валутни пазари, додека на азиската берза акциите постојано флуктуираа.

Кинеската централна банка го позиционираше јуанот во однос на доларот на ниво од 6,2298 јуани, што е девалвирање на неговата вредност за 2%.

Девалвацијата на јуанот следи по низата лоши макроекономски показатели што ги прикажа кинеската економија. Извозот на втората светска економска сила во јули се намалил за дури 8,3%, а лоши резултати покажа и индексот на цените, којшто во јули се намали за 5,4% во однос на истиот период лани.