Фото: Pixabay
Технологијата сè повеќе го окупира нашиот секојдневен живот. Паметните звучници и “гласовните асистенти” ни овозможуваат непречена интеракција како со нашите домови, така и со компаниите.
Смартфоните станаа вообичаен уред за купување, а дигиталните платформи сè повеќе го менуваат првобитниот изглед и функција на телевизорот.
Како резултат на дигиталната технологија, речиси секоја гранка на индустријата е променета во последните десет години. Се очекува дека и во 2018 година ќе имаме многу технолошки промени кои видливо ќе влијаат на нашето делување, кариери и животи.
Busines Insider дава листа од девет атрактивни предвидувања и текови на полето на технологијата за 2018 година:
- Криптовалутите ќе бидат пошироко прифатени
- Google и Apple ќе го загрозат Amazon на пазарот со паметни звучници
- Големо враќање на виртуелната реалност на пазарот
- Ќе почне вистинска трка на автономните возила
- Контролата на дроновите ќе се релаксира
- Alibaba ќе доживее меѓународна експанзија
- Генерација Z ќе стане главна целна група за медиумските компании и огласувачите
- Сигурноста при плаќањето ќе биде од најголема важност
- Паметните куќни апарати ќе почнат масовно да се продаваат