Девет од 10 италијански фирми сакаат да инвестираат во Турција

31

Околу 87% од италијанските компании коишто учествуваат во истражувањето го препорачуваат турскиот пазар на други компании, додека 80% од нив сметаат дека геополитичката положба на земјата е позитивен фактор за развивање бизнис, пренесува Daily Sabah.

Податоците покажуваат дека девет од 10 италијански компании, коишто веќе се активни во Турција, се задоволни и сакаат да инвестираат во земјата, а 85% од компаниите сметаат дека водењето бизнис во земјата е безбедно.

Истражувањето е спроведено на 80 италијански компании, коишто работат во Турција.

Инаку, Турција е на 33-то место од вкупно 190 земји според листата на Светска банка за водење бизнис. Италија е трет најголем извозен пазар на Турција, веднаш зад Германија и Велика Британија. По увоз, Италија е петти најголем добавувач во Турција. Трговската размена меѓу двете земји изнесуваше околу 19,77 милијарди долари во 2017-та и 19,71 милијарда долари во 2018-та година.