Девизни резерви од 1.941.190.000 евра на крајот на март

31

Вкупните девизни резерви на крајот на март оваа година изнесуваат 1.941.190.000 евра, што е зголемување од 45.860.000 евра, покажуваат официјалните податоци на Народната банка на Македонија.

Во вкупната вредност на девизните резерви, најголем дел отпаѓаат на хартии од вредност во висина од 1.610.610.000 евра, што е намалување во однос на претходниот месец кога биле на ниво од 1.631.940.000 евра. Намалување на хартиите од вредност се забележува и во однос на истиот период лани, кога биле 1.801.220.000 евра.

Резервите, што највисоката монетарна институција во земјава ги чува во валути и депозити, на крајот март биле 121.550.000 евра, што е намалување од 17 милиони евра во однос на претходниот месец.

Намалување е забележано и кај резервите на монетарно злато што на крајот на март беше 205.210.000 евра, додека претходниот месец биле 212.150.000 евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.