Девизните резерви пораснаа за над 20 милиони евра во мај

15

Вкупните девизни резерви на крајот на мај оваа година се на ниво од 1.920.080.000 евра, што е зголемување за 20.890.000 евра во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.

Во вкупната вредност на девизните резерви најголем дел зафаќаат хартиите од вредност, кои на 31.05.2014 изнесуваат 1.569.760.000 евра. Кај оваа ставка се бележи зголемување од 49.4460.000 евра во однос на претходниот месец, кога истите биле на ниво од 1.520.300.000 евра.

Кога станува збор за златото, податоците покажуваат намалување од 2.810.000 евра во мај оваа година. Крајното салдо на 31.05.2014 година за златото е 201.090.000 евра, додека еден месец претходно беше 203.900.000 евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.