Девизните резерви во април намалени за 72,4 милиони евра

36

evra packi

Вкупните девизни резерви на крајот на април достигнаа 2.193.890.000 евра или 72,4 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Државните девизни резерви на крајот на април 2015 година беа на ниво од 2.344.330.000 евра, односно за 150,4 милиони евра повеќе во однос на април оваа година.

Намалување од над 70 милиони евра има и кај хартиите од вредност, чие салдо на 31.04.2016 година беше 1.660.580.000 евра, додека еден месец претходно имаа вредност од 1.731.430.000 евра. Минатиот април на контото на хартии од вредност имаше 1.862.180.000 евра.

Во април оваа година, валутите и депозитите имаа вредност од 282.990.000 евра, што е за 8,8 милиони помалку од претходниот месец или 44,9 милиони евра повеќе во однос на април 2015 година, кога на салдото на валути и депозити имаше 238.020.000 евра.

Златните резерви на земјата во април се позиционираа на 245.600.000 евра или над седум милиони евра повеќе во однос на март. На крајот на април лани, монетарното злато во земјата вредеше 239.160.000 евра.