Девизните резерви во април зголемени за 142,3 милиони евра

79

Вкупните девизни резерви на крајот на април оваа година достигнаа ниво од 3.159.620.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Тоа претставува зголемување од 142,3 милиони долари на месечно, односно 285,2 милиони долари на годишно ниво.

Монетарното злато во април имаше вредност од 351.180.000 евра, додека еден месец претходно беше на ниво од 322.540.000 евра.

Зголемување од 183,2 милиони евра има кај валутите и депозитите, коишто на крајот на април изнесуваа 454.100.000 евра, а еден месец претходно 270.850.000 евра.

Намалување, пак, од 68,7 милиони евра има кај хартиите од вредност, чие салдо заклучно април оваа година беше 2.352.540.000 евра.

Фото: Pixabay