Девизните резерви во август намалени за над 270 милиони евра

18

Вкупните девизни резерви на крајот на минатиот месец изнесуваат 2.177.700.000 евра, што претставува намалување од над 271 милиони евра во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Најголем дел од нив отпаѓаат на хартии од вредност, коишто на крајот на август достигнаа ниво од 1.722.700.000 евра, додека еден месец претходно имаа вредност од 1.736.800.000 евра. На крајот на август минатата година, вкупните хартии од вредност во државна сопственост достигнаа 1.936.500.000 евра.

Вкупните валути и депозити во август оваа година имаа вредност од 232.100.000 евра, што е намалување од девет милиони евра во споредба со претходниот месец.

Зголемување од 2,6 милиони во август во однос на претходниот месец е забележано кај монетарното злато, коешто изнесува 218.200.000 евра. Во споредба со истиот период лани, кај овој сегмент од девизните резерви е забележано зголемување од 5,5 милиони евра.