Девизните резерви во февруари повисоки за 5,9 милиони евра

17

evra-kukicka-pexels

Фото: Pexels

Вкупните девизни резерви заклучно со 28-ми февруари достигнаа 2.563.000.000 евра, што е за 5,9 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

На крајот февруари 2016 година, државните резерви имаа вредност од 2.253.400.000 евра.

Најголем дел од вкупните девизни резерви зафаќаат хартиите од вредност, па на крајот на февруари на оваа сметка имаше салдо од 1.712.900.000 евра. Еден месец претходно, хартиите од вредност изнесуваа 2.159.500.000 евра, додека во февруари 2016 година достигнаа ниво од 2.161.000.000 евра.

На салдото валути и депозити, заклучно со 28-ми февруари, имаше 135.800.000 евра, еден месец претходно беа на ниво од 143.400.000 евра.

Монетарното злато во февруари имаше вредност од 261.500.000 евра или за 12,1 милиони евра повеќе во споредба со јануари 2017 година.