Девизните резерви во јули од 2,9 милијарди евра

20

Вкупните државни девизни резерви, заклучно крајот на јули оваа година, достигнаа ниво од 2,9 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Еден месец претходно девизните резерви беа за 1,2 милиони евра повисоки, додека во споредба со истиот период лани бележат пораст од 304,2 милиони евра.

Монетарното злато на крајот на минатиот месец се позиционираше на 284,4 милиони евра, еден месец претходно беше 275,4 милиони евра, додека во јули 2018 година изнесуваше 231,2 милиони евра.

Хартиите од вредност, што ги чинат вкупните државни резерви, заклучно 31-ви јули имаа салдо од 2,3 милијарди евра, што во споредба со претходниот месец е зголемување за 178,4 милиони евра.

Валутите и депозитите на крајот на минатиот месец имаа вредност од 298,2 милиони евра, еден месец претходно 279 милиони евра, додека во јули 2018 година се позиционираа на 467,7 милиони евра.

Фото: Pixabay