Девизните резерви во мај се зголемија за 27 милиони евра

30

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви на крајот на мај оваа година достигнаа ниво од 2.901.400.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Еден месец претходно, државните резерви имаа вредност од 2.874.400.000 евра, што е за 27 милиони евра помалку во однос на мај.

Хартиите од вредност во мај достигнаа 2.321.400.000 евра, додека еден месец претходно беа 2.298.300.000 евра.

Монетарното злато на крајот на мај вредеше 258.100.000 евра, еден месец претходно 256.200.000 евра, додека во мај лани изнесуваше 248.200.000 евра.