Девизните резерви во ноември намалени за 177,6 милиони евра

18

evra

Вкупните девизни резерви заклучно со 30-ти ноември оваа година изнесуваат 2.551.400.000 евра, што е за 177,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Истиот период минатата година, салдото на вкупните девизни резерви изнесуваше 2.203.400.000 евра.

Најголем дел од вкупните девизни резерви отпаѓаат на хартии од вредност, коишто на крајот на ноември изнесуваа 2.147.700.000 евра, еден месец претходно беа на ниво од 2.154.100.000 евра, додека истиот период имаа вредност од 1.638.100.00евра.

Валутите и депозитите во ноември беа 150.500.000 евра или 161,6 милиони евра помалку во споредба со крајот на октомври. Истиот период лани, валутите и депозитите имаа вредност од 342.000.000 евра.

Земјата на крајот на ноември имаше на располагање монетарно злато вредно 259.000.000 евра, што е за еден милион повеќе во однос на претходниот месец. Вкупното монетарно злато на крајот на ноември 2015 година имаше вредност од 218..400.000 евра.