Девизните резерви во ноември намалени за 27,3 милиони евра

19

evra-kukicka-pexels

Фото: Pexels

Вкупните девизни резерви на крајот на ноември минатата година се позиционираа на 2.273.650.000 евра или 27,3 милиони евра помалку во однос на октомври, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

Државните резерви заклучно со 30-ти ноември лани имаа вредност од 2.551.380.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви зафаќаат хартиите од вредност, чие салдо заклучно со 30.11.2017 година беше 1.809.410.000 евра што е за 8,1 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец. Во ноември претходната година, хартиите од вредност беа на ниво од 2.147.750.000 евра.

Вкупните валути и депозити во ноември достигнаа 220.160.000 евра, односно зголемување од 32,3 милиони евра, во однос на претходниот месец. Заклучно со ноември 2016 година, валутите и депозитите беа на ниво од 150.540.000 евра.

Намалување од 2,9 милиони евра има кај монетарното злато, што во претпоследниот месец од минатата година изнесуваше 239.930.000 евра, додека на 31.10.2016 година имаше вредност од 242.900.000 евра.