Девизните резерви во октомври намалени за 5,9 милиони евра

23

evra 12 banka

Вкупните девизни резерви во октомври изнесуваат 2.429.100.000 евра, што во споредба со претходниот месец е намалување за 5.900.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Девизните резерви во октомври оваа година во однос на истиот период лани бележат зголемување од 381.100.000 евра, кога истите биле на ниво од 2.048.000.000 евра.

Во вкупната вредност на девизните резерви, најголем дел отпаѓаат на хартии од вредност – 2.026.300.000 евра, што е зголемување во однос на претходниот месец кога на оваа сметка салдото било 1.945.600.000 евра.

Намалување од 4,4 милиони евра има кај вредноста на монетарното злато, што во октомври е на ниво од 203.600.000 евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.