Девизните резерви во септември пониски за 14,1 милиони евра

30

evra 123

Вкупните девизни резерви во септември оваа година изнесуваат 2.345.000.000 евра, што во споредба со претходниот месец, кога биле на ниво од 2.449.100.000 евра, е намалување од 14.100.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Во истиот период минатата година, вкупниот износ на девизни резерви е 2.064.800.000 евра, што е пораст од над 370 милиони евра во однос на септември 2014 година.

Најголем дел од вкупните девизни резерви опфаќаат хартиите од вредност, кои во септемви изнесуваа 1.945.600.000 евра, додека претходниот месец истите биле позиционирани на 1.936.500.000 евра.

Намалување од 4,7 милиони евра во септември е забалежано кај монетарното злато. Имено, во септември крајното салдо беше 208.000.000 евра, додека еден месец претходно истото беше 212.700.000 евра.

Намалување, исто така, е забележано, кај валутите и депозитите и тоа од 18,5 милиони евра. Во септември, според податоците на НБРМ, истите се 277.300.000 евра, додека во август износот беше 295.800.000 евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.