На крајот на март 2021 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.939.200.000 евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 641,2 милионa евра, покажуваат податоците на Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (82,7%) по што следуваат валутите и депозитите (9,3%) и монетарното злато (8,1%).
На крајот на март минатата година, вкупните девизни резерви имаа вредност 3.017.320.000 евра.
Хартиите од вредност, заклучно 31-ви март оваа година изнесуваа 3.256.450.000 евра, а еден месец претходно имаа салдо од 2.629.830.000 евра.
Валутите и депозитите на крајот на минатиот месец имаше вредност од 364.580.000 евра, што е за 19 милиони евра повеќе во однос на февруари, кога изнесуваше 345.430.000 евра.
Монетарното злато на крајот на март вредеше 317.980.000 евра, што е помалку од претходниот месец кога беше 322.580.000 евра.
Фото: Pexels