Девизните резерви зголемени за 7,9 милиони евра во април

13

Вкупните девизни резерви на крајот на април оваа година достигнаа ниво од 2,87 милијарди евра, што е 7,9 милиони евра повеќе во споредба со март, кога тие имаа вредност од 2,8 милијарди евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Државните хартии од вредност, заклучно 30-ти април оваа година, изнесуваа 2.298.310.000 евра, еден месец претходно имаа вредност од 2.285.900.000, додека на крајот на април минатата година се позиционираа на 2.150.760.000 евра.

На крајот на април 2019 година, валутите и депозитите достигнаа ниво од 316.430.000 евра, во март изнесуваа 322.540.000 евра.

Монетарното злато на крајот на април вредеше 256.210.000 евра, еден месец претходно 254.610.000 евра, додека на крајот на април минатата година изнесуваше 241.570.000 евра.