Џеф Џонс поднесе оставка од претседателската функција во Uber

41

taksi-pixabay

Фото: Pixabay

Претседателот на Uber, Џеф Џонс, поднесе оставка по шест месеци работа, јавува CNN Money.

“Верувањата и пристапот до управувањето што ја водеа мојата кариера не се во согласност со она што го видов и доживеав во Uber“, вели Џонс во соопштението.

Џонс на оваа позиција го наследи Тревис Каланик. Тој на чело на Uber беше од крајот на август минатата година.

“Сакаме да му се заблагодариме на Џонс за поминатите шест месеци во компанијата и му посакуваме сè најубаво“, велат од Uber.