Џек Ма продаде акции од Alibaba за осум милијарди долари

89

Oсновачот на кинеската компанија Alibaba, Џек Ма од продажба на акции инкасираше милијарди долари откако нивната вредност нагло порасна за скоро 50%, пишува CNN.

Иако компанијата не ја прецизираше просечната цена по која тој ги продаде своите акции, по сегашни цени овие акции се вреднуваат на околу 8,2 милијарди долари.
Ма, кој има 55 години се пензионира минатата годинa, ` се посвети на филантропијата.

Денес, Alibaba е вредна 705 милијарди долари, што е малку повеќе од Facebook.

Богатството на Ма се проценува на 47,8 милијарди долари, според Forbes.

Фото: Facebook