Џек Ма веќе не е бизнис лидер за кинеските државни медиуми

70

Основачот на Alibaba, Џек Ма е изоставен од листата на кинески лидери во претприемништво објавен од државните медиуми – сигнал што покажува колку паднал во немилост на Пекинг.

Најпознатиот кинески бизнисмен не беше споменат во написот објавен на насловната страница на Shanghai Securities News. Наместо тоа, за нивните придонеси беа пофалени Рен Зенгфеи од Huawei Technologies, Леи Јун од Xiaomi и Ванг Чуанфу од BYD, пренесува Ројтерс.

Катализатор за тековните проблеми на Ма, беше неговиот говор на 24 октомври минатата година во кој тој го критикуваше кинескиот регулаторен систем, што доведе до суспензија на иницијалната јавна понуда на неговата Ant Group во вредност од 37 милијарди долари.

Оттогаш регулаторите започнаа антимонополска истрага за компании во технолошкиот сектор, обрнувајќи посебно внимание на Alibaba и разгледувајќи построги регулативи за Ant Group.

Ма, кој не е познат по избегнување на јавни настапи, потоа исчезна од очите на јавноста околу три месеци, предизвикувајќи шпекулации каде се наоѓа. Тој се појави минатиот месец во видео од 50 секунди.

Фото: Alibaba Group