Џевахир Скај Сити ја започнува изградбата на третата кула

149

Cevahir Sky City

Темелите се веќе поставени и работите на третата Џевахир Скај Сити кула се одвиваат забрзано. За само неколку дена ќе почне да се распознаваат првите градежни контури на приземниот кат.

И третата кула како и првите две ќе биде висока 130 метри и уште 32 метри под земјата, од кои осум метри се подземни гаражи, а 24 метри се темелните столбови. Има вкупно 716 столбови и секој е широк по еден метар.

Со стриктно придружување до сите безбедносни и сигурносни стандарди, третата кула од Џевахир Скај Сити станбениот комплекс ќе се гради по еден кат на седум дена. Самото градење трае пет дена, но заради придржување кон безбедносните параметри за следење на процесот, дадени се дополнителни два дена.

“Џевахир Скај Сити комплексот ќе понуди концепт на модерен и живот без ограничувања со сите неопходности што ги има едно семејство, млади брачни парови или самци. Покрај удобноста загарантирана е и безбедноста. При градењето на Џевахир Скај Сити комплексот ги користиме најдобрите материјали и технологии. Обемната инвестиција под земја е доказ за градежниот квалитет на Џевахир Скај Сити како и важноста што ја придаваме на безбедноста и добросостојбата“, изјави Есер Џевахир, член на Управниот одбор на Џевахир Холдинг.

Со 344 станови на 40 ката, достапни во различни квадратури, луксузни апартмани, како и можност за конструирање на распоред на апартманот по нарачка, највисоките кули во Македонија претставуваат уникатен и модерен станбен комплекс со единствен концепт на стилско живеење.

Овој затворен комплекс покрај станбениот дел, во себе ќе понуди и дополнителни содржини достапни за станарите во секое време. Дополнителните поволности и неопходности вклучуваат трговски центар, фитнес сали, три покриени базени, турски бањи, сауни, детски игралишта, сквош и пинг понг игралишта, сопствен паркинг простор на пет ката, салони.

Првите две кули ќе бидат подготвени за вселување на првите станари веќе кон крајот на 2015 година, а комплетното завршување на целосниот Џевахир Скај Сити комплекс се очекува да биде во 2017 година.