DHL почнува да врши достава на пратки со дронови

dhl-

Германската компанија за логистика DHL почна експериментално да користи безпилотни летала за достава на пратки во матичната земја. Ова е прв пат дрон легално да врши достава на европско тло, јавува Ројтерс.

DHL користи “parcelcopter” кој може да лета со 65 километри на час, има четири мотори и може да носи товар до 1,2 килограми. Дронот е во потполност автоматизиран и не му е потребна човечка контрола.

DHL е во сопственост на Deutsche Post и за овој експериментален проект доби дозвола од германската влада. Со тоа, DHL им се придружи на американските компании Amazon и Google кои тестираат ваков вид на достава.