Џорџ Лукас ќе гради музеј вреден 300 милиони долари

14

1415268825391_wps_2_This_architectural_renderПознатиот режисер Џорџ Лукас планира да гради музеј на уметноста, кој ќе го носи името Lucas Museum of Narrative Art. Дизајнот на зданието е на реномираниот архитект од Пекинг, Ма Јансонг од дизајнерската куќа MAD Architects, а проектот ќе чини околу 300 милиони долари.

1415268856439_wps_4_This_architectural_render

Музејот, кој ќе изгледа како лебдечки диск поставен над четири ката изложбен простор, е планиран да се отвори во 2018 година. Освен тоа музејот ќе има и палуба за набљудување која ќе нуди панорамски поглед на езерото Мичиген и Чикаго.

Во музејот ќе бидат изложени парчиња од приватната колекција на креаторот на Star Wars во вредност од 600 милиони долари.

1415268924513_wps_6_This_architectural_render

Освен место каде ќе може да се “искуси” наративната уметност, посетителите ќе имаат можност да ја видат и еволуцијата на подвижните слики – од илустрациите и кината, па се до дигиталните медиуми на иднината.

Музејот ќе биде и изложбен центар за дела од модерната уметност и ќе служи како место за едукативни настани.