Диеталните сокови дебелеат

20

sok

Фото: Pixabay

Спротивно на она што многумина од нас мислат, новите истражувања покажуваат дека диеталните сокови дебелеат. Една од причините за оваа појава е фосфорната киселина што ја има во соковите.

Исто така, оние кои конзумираат пијалак “без калории”, пијат многу повеќе од оние кои конзумираат обични сокови, токму поради тоа што важат за “диетални”.

Истражувањето траело околу десет години и со него биле опфатени 749 возрасни луѓе, постари од 65 години. Испитаниците кои пиеле диетални сокови просечно добиле околу 2,11 сантиметри во половината, додека оние кои пиеле обични сокови го зголемиле обемот на струкот за 0,77 сантиметри.

За тоа, како што велат научниците, виновна е фосфорната киселина, која според други истражувања се поврзува и со висок крвен притисок, дијабетес и болести со крвните садови.