Дигитален номад месечно би трошел околу 1.300 евра

44

И Хрватска презема чекор со коишто ќе привлекува дигитални номади од целиот свет да работат на далечина во нивната земја.

“Сите знаеме колку туризмот е важен за Хрватска. Замислете сега да може да угостите странци кои сакаат да останат шест до 12 месеци. Дигиталните номади се поединци кои може да работат од било кое место. Тие би ги трошеле своите приходи во Хрватска во текот на долгиот престој. Предвидувам дека еден дигитален номад во Хрватска би трошел најмалку околу 1.300 евра на живот во Хрватска“, вели за Пословни дневник, Јан де Јонг, претприемач од Холандија кој веќе 14 години живее во Хрватска.

Според него, острови како што е Бали во Индонезија, во секој момент има околу 50.000 дигитални номади на популација од четири милиони жители.

“Нема да кажам дека Хрватска ќе може да постигне такви бројки преку ноќ, но знаејќи дека трендот на работа од далечина се забрзува, верувам дека со текот на време ќе донесеме такви бројки“; смета де Јонг.

Тоа, според него, би значело финансиска “инјекција“ од околу 66 милиони евра месечно во хрватската економија. Многу компании би имале корист од тоа, како што се фризерски салони, туристички атракции, ресторани, продавници, кина…, па дури и Даночната управа, бидејќи на сè што ќе купат дигиталните номади ќе платат ДДВ.

Фото: Pixabay