Дигиталните номади ја сакаат Азија, но таа нив и не баш

33

Често се вели дека оние кои работат на далечина можат да работат од било кое место во светот што има обезбедено интернет врска. Пандемијата принуди милиони луѓе ширум светот да работат од дома, а многумина решија да си ја променат моменталната адреса на престој. Водени од овој тренд, многу земји во Европа, Карибите и Кавказ се обидуваат преку најразлични програми да привлечат што е можно поголем број на дигитални номади, пренесува CNBC.

Но, до денес ниту една азиска земја формално не ги отворила вратите за фриленсери кои би сакале да работат кај нив.

Според истражување на Booking, во коешто се вклучени 20.000 лица кои работат од дома во текот на пандемија, една третина од нив изјавиле дека сакаат да работат од некое друго место, а е од својот дом.

“Од истражувањето може да се забележи дека имаат желба да работат на различни дестинации, а најголем дел од нив се за земји од Азија, како што се: Тајланд (60%), Виетнам (52%), Сингапур (50%), Кина (45%) и Хонгконг (39%)“, вели Нуно Гуереиро, регионален директор на Booking.com.

Интересот бил најмногу од дигитални номади од: Мексико, Бразил, Колумбија, Аргентина, Русија и САД.

Фото: Freepik