Дијамантите сјајно блескаат и во време на криза

53

Продажбата на сирови и необработени дијаманти во февруари порасна за 5,5% во однос на истиот период лани, додека продажбата на полирани дијаманти е трикратно зголемена на годишно ниво, пренесува Russia Today.

Вредноста на продадените необработени дијаманти минатиот месец беше 361 милион долар, додека полираните достигнаа 12 милиони долари.

Сепак, вкупната продажбата на дијаманти на руската компанија Alrosa е за 16% пониска одошто претходниот месец, кога вкупната продажба на дијаманти беше 430 милиони долари.

Вкупната продажба на дијаманти на руската компанија во првите два месеци достигна 802 милиони долари, од коишто 782 милиони се сирови, а 21 милион долари на полирани дијаманти.

Фото: Pixabay