Димко Митрев од Велес ја заврши годината со добивка од 290.000 денари

73

dimko-mitrev-1-580x412

Акционерското друштво Димко Митрев од Велес ланската година оствари вкупна сеопфатна добивка од 290.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година, компанијата прикажа добивка од 573.000 денари.

Вкупните приходи од продажба минатата година достигнаа 209.577.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 6.221.000 денари, додека поголемиот дел од 203.256.000 денари се остварени на пазари во странство.

Компанијата Димко Митрев се занимава со производство и трговија на крзно и крзнени производи.