Димко Митрев од Велес за шест месеци прокнижи добивка од 46.000 денари

26

dimko-mitrev-1

Друштвото за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, во првото полугодие од 2017 година оствари добивка од 46.000 денари, покажува билансот на успех.

“Во периодот од 01.01 до 30.06.2017 година, Димко Митрев од Велес оствари нето добивка од 46.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е помала за 90%“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба во текот на првите шест месеци од оваа година изнесуваа 103.134.000 денари. Реализацијата на домашен пазар изнесуваше 1.979.000 денари, додека поголемиот дел од 101.155.000 денари е остварен преку продажба на пазари во странство.