Diners Club Словенија остана без лиценца

20

slovenijaСловенечката централна банка и ја одзеде лиценцата за извршување на платежни услуги на компанијата Diners Club Словенија, пишува Дело. Оваа компанија од денес треба да ги оневозможи можностите за плаќање на трансакции во Словенија и во странство со тие картички. Според словенечките медиуми, во Словенија има издадено околу 80.000 Diners картички.

Во соопштението не е наведено кои се причините за одземање на лиценцата.