Директор на турска компанија на вработените им подели бонус од 27 милиони долари

29

nevzat ajdin

Продажбата на една компанија вообичаено е лоша вест за вработените, но тоа не беше случај со водечката турска фирма за on line нарачка на храна Yemeksepeti.com, пишува Хуријет.

Сопственикот на фирмата, Невзат Ајдин, на своите 114 вработени им подели бонус од 27 милиони долари, откако германската Delivery Hero ја купи Yemeksepeti.com за 589 милиони долари.

“Некои од вработените плачеа, други почнаа да врескаат, а од некои добив и писмо со благодарност. Беше премногу емотивно бидејќи сега со тие пари може да си купат куќа, автомобил, со еден збор да си го променат животот“; вели Ајдин.