Директор продаде акции непосредно пред уништување на 15 милиони дози вакцини

98

Роберт Крамер, претседател и извршен директор на Emergent BioSolutions, продаде од своите акции во вредност над 10 милиони американски долари непосредно пред да пропаднат 15 милиони дози вакцина Johnson & Johnson во фабриката во Балтимор, пренесе Washington Post.

Весникот наведува дека Крамер ги продал акциите на својата компанија кон крај на јануари и почеток на февруари, за наведената сума, а дека сега тие акции вредат двојно помалку односно околу 5,5 милиони долари.

Во март беше откриено дека 15 милиони дози од вакцината Johnson & Johnson треба да бидат уништени по контаминацијата. Портпаролката на Emergent BioSolutions, Нил Де Лоренцо за Washington Post  изјави: “Сите продажби на Крамер беа претходно планирани според планот за тргување 10b5-1“.

Де Лоренцо додала дека Крамер, извршниот тим на компанијата, како и одборот на директори, се придржуваат до највисоките етички стандарди и строго ги следат сите закони и регулативи во врска со финансиските трансакции.

Washington Post објави дека ова е прва значајна продажба на Крамер од 2016 година.

Продажбата во 2016 година, заедно со продажбата извршена од други членови на извршното тело, беше предмет на судска постапка од страна на инвеститорите кои рекоа дека лидерите на компанијата ги продале акциите непосредно откако изнеле лажни тврдења за нарачка на владата за вакцини против антракс, додава тој.

Иако компанијата ги негираше обвинувањата, наводно се согласила да им исплати обесштетување на инвеститорите од 6,5 милиони долари. Но, тука не запира истражувањето на Post. Потоа објави дека Крамер добил покачување на платата за 51% во 2020 година, примајќи 5,6 милиони долари.

Одлуката за зголемување е наводно одлучена откако се проширил производствениот процес на компанијата.

Зголемувањето вклучува 1,4 милиони акции, 2,1 милиони заработка од акции и 1,2 милиони бонуси, според весникот.

Администрацијата за храна и лекови минатата недела откри дека во фабриката во Балтимор не се одржуваат чисти и санитарни услови и нареди пауза во производството.

Фото: Pixabay