Директор во Deutsche bank: Станува во пет часот наутро, тренира и поминува најмалку 10 дена месечно во патувања

215

Пирс Констејбл, кој е генерален директор во Deutsche Bank, секое утро станува во пет часот, а осум до 10 дена во месецот му поминуваат во деловни патувања, пренесува Business Insider.

Констејбл, кој работи во Њујорк, патувал во повеќе од 60 земји во светот работејќи за Deutsche Bank, а живеел и во Лондон и Дубаи. Тој и неговиот тим се задолжени за договори за финансирање на инфраструктурни проекти на пазарите во развој.

За да го одработи утринскиот тренинг, секое утро се буди во пет часот.

“Станувам рано наутро за да можам да одам на пливање или да возам велосипед. Тоа е околу еден час помалку за спиење, но ми дава повеќе енергија одошто да останам во кревет. Мислам дека никој не сака да се буди во пет часот, но ако тоа стане навика, тогаш е многу полесно“, вели Констејбл.

Тој вели дека годишно има повеќе од 50 летови, ги сака аеродромите, иако во нив се поминува непродуктивно време. Му се случило да работи во авион, бидејќи летот траел 15 часа, слетал во Њујорк и веднаш заминал да вози велосипед “за да ја врати енергијата што ја изгубил во текот на летот“.

“Во некои делови од светот не постои замена за развој на односот очи в очи, градење доверба и разбирање на целите. Ова е работа за луѓе и не можам да замислам дека некогаш ќе дојде време кога мојата работа ќе ја работи некој робот“, додава тој.

Поради големиот број обврски и агенда богата со состаноци и патувања, Констејбл практикува да заспива во 21 часот.

Фото: Pexels