Директори за три дена ја заработуваат годишната просечна плата на обични работници

109

Директорите на најголемите компании во Велика Британија заработуваат 117 пати повеќе од просечните работници во земјата. Со други зборови, тие повеќе не мора да работат оваа година, бидејќи за овие неколку дена ја заработија просечната годишна плата на работниците.

Овие податоци доаѓаат од извештајот на Британскиот институт за човечки ресурси и развој, коишто ги анализираат податоците од компаниите што се дел од индексот FTSE 100 (лондонски индекс составен од 100 највредни компании во Велика Британија што котираат на берза).

Според податоците, главните извршни директори за само три работни дена од оваа година ја заработија целата годишна просечна плата на работник во Велика Британија од скоро 30.000 британски фунти или околу 38.600 долари.

Директорите на овие компании во просек заработиле окол 3,46 милиони фунти или околу 900 фунти на час.

Фото: Pexels