Директорот на Истанбулската берза си поднесе оставка

31

Главниот извршен директор на Истанбулската берза, Хакан Атила поднесе оставка од таа функција.

Според информацијата од Истанбулската берза, бордот на директор на седницата одржана во понеделникот ја прифати оставката којашто Атила ја поднел самоиницијативно без да наведе причина, пренесува Daily Sabah.

Весникот потсетува дека Атила беше осуден во САД во јануари 2018 година, како тогашен заменик генерален директор на Halkbank, на 32 месеци затвор поради наводно кршење на американските санкции кон Иран, па по издржување на казната се врати во Турција во јули 2019 година.

По враќањето во родната земја, владата во октомври истата година го именуваше за директор на берзата, којашто е во сопственост на Турскиот фонд за управување со богатство.

Истанбулската берза, исто така, е косопственик на Сараевската берза.

Фото: Borsa Istanbul