Директорот на СТО ја напушта функцијата

33

Генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Бразилецот Роберто Азеведо, соопшти дека ќе ја напушти функцијата на 30 август, една година пред истекот на неговиот втор мандат и додаде дека нема политички амбиции.

“Тоа е лична, семејна одлука и убеден сум дека е најдобар во интерес на организацијата”, рече Азеведо на онлајн состанокот на членовите на СТО.

Предвременото заминување на Бразилецот доаѓа во време кога светската економија доживува најголемо забавување од Големата депресија од 30-тите години на минатиот век. Светската трговија е погодена од последиците на пандемијата на коронавирусот вирус и тоа драстично ги намали производството и трговската размена.

Без оглед на корона – кризата, СТО со месеци минува низ својата длабока криза поврзанa со телото за решавање спорови меѓу членките.

Азеведо дојде на чело на СТО во 2013 година, наследувајќи го Французинот Паскал Лами, а вториот мандат му започна во 2017 година. Мандатот требаше да му заврши кон крајот на август 2021 година.

Фото: WTO