Disneyland планира отворање до крајот на април

19

Главниот директор на групацијата Disney, Боб Чапек, изјави дека забавниот парк Disneyland ќе биде отворен до крајот на април, благодарение на одлуката на властите во Калифорнија за олабавување на рестриктивните мерки по падот на бројот на заразени со коронавирус во таа земја.

“Се надеваме дека ситуацијата и понатаму ќе се подобрува и дека до крајот на април ќе може да се отворат нашите паркови за посетители со ограничен капацитет. Денот на отворање ќе биде дополнително објавен“, рекол Чапек.

Властите во Калифорнија минатата недела информираа дека Disneyland и другите забавни паркови, инаку затворени поради пандемијата веќе цела година, би можеле да се отворат на први април ако нивниот округ повеќе не биде во “темно црвена зона“, односно подрачје со висок ризик по локалните мерки.

Округот Оринџ, каде што е сместен Disneyland сè уште се наоѓа во “темно црвена зона“, но за неколку недели ситуацијата би можела да се подобри.

Фото: Pexels