Дивиденда за акционерите на Адинг

68

Собранието на акционери на компанијата Адинг донесе одлука за распоредување на нето добивката од минатата година.

“Нето добивката, според годишната сметка за 2019 година, се распоредува на: 22 денари за една акција нето дивиденда за акционери, односно 24,44 денари бруто за една акција; за исплата на членовите на Управен одбор, 5% од нето добивката за исплата на вработени; за даноци и придонеси согласно распределбата и остатокот нераспределена добивка“, стои во одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е седми јули, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е осми јули. Датум на пресек на книга на акции е деветти јули, додека исплатата на дивидендата за 2019 година ќе биде во законскиот рок.

Фото: Freepik