Дивиденда за акционерите на Алкалоид

582

Фармацевтската компанија Алкалоид ќе им исплаќа дивиденда на акционерите, стои во предлог одлуката, којашто ја донесе Управниот одбор на компанијата.

“Управниот одбор на Алкалоид на седница одржана на 05.03.2020 година донесе предлог одлука со којашто му предлага на Собранието на акционер исплата на дивиденда за 2019 година во износ од 360 денари бруто, односно 324 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 320 денари бруто, односно 272 денари нето е поголема за 19% на нето основа“, стои во предлог одлуката.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 21-ви април, додека прв датум на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 22-ри април. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2019 година е 23-ти април оваа година.

Исплатата на дивидендата за минатата година ќе започне од 20-ти мај.

Фото: Pexels