Дивиденда за акционерите на Бим од Свети Николе

30

bim-sveti-nikole

Компанијата Бим од Свети Николе донесе предлог одлука за распоредување на добивката по годишна сметка за 2016 година.

“Остварената добивка од редовно работење на Бим Свети Николе по годишна сметка за 2016 година се распоредува и тоа: 16.256.667 денари за дивиденда и персонален данок, 9.200.000 денари за инвестиции, 130.053 денари со персонален данок за успешно водење на на компанијата на извршниот член на Одборот на директори и 22.360.185 денари како нераспределена добивка“, стои во предлог одлуката.

Компанијата донесе и предлог одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2016 година. Висината на дивидендата е 1.500 денари нето, односно 1.666,6666 денари бруто за една акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.06.2017 година. Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 15.06.2017 година.

Исплатата на дивидендата за 2016 година ќе започне од трети јули оваа година.