Дивиденда за акционерите на Фустеларко Борец од нераспределени добивки

82

Собранието на акционери на компанијата Фустеларко Борец – заштитно друштво од Битола, донесе одлука за распределба на дивиденда од нераспределена добивка од минати години.

“На име на бруто дивиденда се издвојува износ од 10.756.350 денари, односно 150 денари бруто дивиденда по акција со право на дивиденда со пресек 10.01.2020 година. Бруто дивидендата се издвојува од нераспределените акумулирани добивки од 2015 година во износ о 3.669.381 денари и од 2016 година во износ од 7.086.969 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 08.01.2020 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 09.01.2020 година. Датум на пресек на акционерската книга е 10-ти јануари, додека дивидендата ќе се исплаќа до 28-ми февруари оваа година.

Инаку, основна дејност на компанијата е изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производи од: тутунска, прехранбена, хемиска, текстилна, фармацевтска, козметичка и други индустрии.

Фото: Pexels