Компанијата за издавање на деловен простор под закуп Градски трговски центар донесе одлука за распоредување на добивката за минатата година.
“Се врши распределба на нето добивката по оданочување по годишна сметка за 2015 година и тоа: за законски резерви 129.115 денари и 2.453.176 денари како нераспределена добивка“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
Нераспределената добивка во износ од 2.453.176 денари се распределува за исплата на дивиденда.
Според дивидендниот календар, објавен на Македонска берза, последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 04.07.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 06.07.2016 година. Датум на стекнување на право на дивиденда е 08.07.2016 година.
Дивидендата ќе се исплати во законски рок најдоцна до 30.09.2016 година.