Дивиденда за акционерите на Македонијатурист од акумулираната добивка

86

Фото: Pixabay

Македонијатурист донесе предлог одлука за распределба на добивката на компанијата за 2018 година.

“Добивката по оданочување по годишната сметка на Македонијатурист за 2018 година, во износ од 112.064.103 денари се распределува за инвестиции“, стои во предлог одлуката.

Исплатата на дивиденда за 2018 година, според предлог одлуката, во износ од 97.403.214 денари, ќе се исплати од нераспределените акумулирани добивки до 2008 година.

Висината на дивидендата бруто по акција, како што се наведува во предлог одлуката за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар за 2018 година, ќе изнесува 239,307 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 22.05.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 23.05.2019 година. Датум на стекнување на право на дивиденда е 24.05.2019 година.

Исплатата на дивидендата, како што се наведува, ќе биде законски предвидениот рок.